Дома Фудбал Драматичен крај на првенството во Данска: Брондби се подготвуваше за прослава на титулата, но…

Драматичен крај на првенството во Данска: Брондби се подготвуваше за прослава на титулата, но…

Последното коло од данската Суперлига донесе вистинска драма во борбата за титулата, на крајот Митјиланд по четврти пат во историјата стана шампион, додека стадионот Брондби тагуваше.

Жолтите имаа се во свои раце, но Архус ја расипа прославата на Брондби. Победата над Архус би им ја гарантирала титулата, бидејќи имаа ист број бодови како и Митјиланд, но подобар однос меѓу себе.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


На крајот дури и бод ќе му ја гарантираше титулата на Бронби бидејќи Митјиланд ремизираше 3-3 со Силкеборг на домашен терен, но жолтите завршија со шокантен пораз од 3-2.

По првите 45 минути на стадионот Брондби резултатот беше 1:1. Во исто време Митјиланд губеше од Силкеборг со 2:0 на домашен терен и се чинеше дека ништо не може да ги расипе плановите на Брондби.

Сепак, по 15 минути игра се се промени. Митјиланд направи пресврт и поведе со 3:2, додека Брондби го прими вториот гол и губеше со 2:1. Во тој момент Митјиланд имаше три бода повеќе.

Не требаше долго да се чека за нова драма. Брондби израмни, а многу брзо потоа го прими и третиот гол, додека Силкеборг стигна до 3:3 во Хернинг против Митјиланд.

Тоа значеше дека на Брондби му требаше нерешено за да дојде до нова титула дански шампион, но пред домашните навивачи не успеа да дојде до третиот гол. Остана 3:2 за Архус, додека дуелот меѓу Митјиланд и Силкеборг во Хернинг заврши со резултат 3:3.

Така Митјиланд ја освои четвртата шампионска титула, а навивачите на Брондби со неверување гледаа како завршува првенството и им избега шампионската титула која практично веќе ја прославија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прво изненадување: Словачка ја нокаутира Белгија🎥

Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување до сега на Европското прв…