Српскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси откри дека своевремно Арсен Венгер го повикувал во Арсенал, но тој не сакал да ја напушти Јапонија поради семејни причини.
Стојковиќ кој е тренер на кинескиот Гвангажу и Венгер ги врзува пријателтво уште од Нагоја каде што Французинот беше тренер на српскиот ас, пред да пристигне во Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ме повика да дојдам во Арсенал кога пристигна. Размислував што да правам тоа беше животна прилика, но јас ја одбив поради две причини. Моите деца се школуваа во Јапонија и беа задоволни, а јас се чуствував пријатно и бев вистинска ѕвезда на лигата. Доколку моите деца не почнеа на училиште сигурно ќе играв за Арсенал“, изјави Стојковиќ.
Пикси откри дека токму и поради Венгер одлучил да започне тренерска кариера.
„Поради се што научив од Венгер одлучив да бидам тренер. Покрај него сфатив дека фудбалот е едноставен, а тоа веројатно е најтешко. Ми беше инспирација“, изјави поранешниот југословенски фудбалер.