Дома Фудбал Англија До каде ќе оди црната низа!? – Вакво нешто на Арсенал не му се случило 93 години!

До каде ќе оди црната низа!? – Вакво нешто на Арсенал не му се случило 93 години!

Арсен Венгер како што одминува сезоната е се под поголем притисок и јасно е дека единствениот негов спас е трофејот во Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со новиот пораз во Премиер лигата од екипата на Њукасл Арсенал собори неколку негативни рекорди.

Њукасл ја запиша првата победа против Арсенал на свој терен после 13 години, а тимот на Венгер го запиша и петтиот пораз на гостински терен во низа – такво нешто не се случило уште од 1984 години.

Но, не е само тоа „топчиите“ срушија и „достигнување“ од далечната 1925 година (пред 93 години). Тогаш Арсенал ги изгуби сите пет натпревари на гостински терен во новата година, исто што му се случи на Венгер оваа 2018.

Како што споменавме спасот за Венгер е Лигата на Европа, но таму ги чека полуфиналето и шпански Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Павловиќ по елиминацијата на Германија на мета на ужасни навреди: „Ако беше роден во Србија, ќе крадеше автомобили..“

Младиот играч од средниот ред на Баерн се најде под жестоки критики по испаѓањето на Панце…