Дома Фудбал Англија Дојде крајот на една ера: Иконата на Тотенхем го напушта клубот

Дојде крајот на една ера: Иконата на Тотенхем го напушта клубот

Додека ситуацијата со Хари Кејн не е сосема јасна, дојде крајот на уште една одлична ера во Тотенхем. Заминува Хуго Лорис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Долгогодишниот голман на лондонски Тотенхем, Хуго Лорис ќе го напушти клубот ова лето и слободно може да бара нова средина.

Иако имаше договор до крајот на претстојната сезона, Французинот веќе е слободен да бара нов клуб и не мора да оди на тренинзи.

Тоа го објави Тотенхем, а на својот Твитер профил го сподели и познатиот трансфер гуру Фабрицио Романо.

Така Лорис ќе го напушти Тотенхем по 11 години минати во главниот град на Англија. За тоа време капитенот на тимот забележа дури 447 настапи.

Иако помина толку години во Тотенхем, Лорис со нив не освои ниту еден од петте трофеи што ги има во кариерата.

Со Лион беше шампион и освојувач на Купот на Франција, а со Франција го освои Светското првенство, Лигата на нации и ЕУРО за играчи до 19 години.

Да потсетиме, Лорис во Спарс дојде во 2012 година за 12,6 милиони евра од Лион, а тој е дете на Ница од која во 2008 година замина во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…