Дома Фудбал Дојде денот: Македонија денеска го започнува настапот на ЕП

Дојде денот: Македонија денеска го започнува настапот на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот во Букурешт ќе игра со Австрија, и тоа ќе биде историски прв натпревар на едно Европско првенство.

Мигот кој го чекавме 30 години, конечно, се оствари. Македонија е дел од ЕУРО и ќе оди на успех во групата, во која покрај Австрија се Украина и Холандија.

Македонските фудбалери подготвени го очекуваат почетокот на ЕУРО кое веќе трае два дена.

Од националниот тим во последните неколку дена низ прес-конференции најавуваат давање на максимум и беспоштедна битка за добар резултат и успешен настап на ЕП.

Среќно момци! Израдувајте ја нацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал пред договор со талентот на Јунајтед: Габриел го избрал Мадрид?

Според Фабрицио Романо, Џеј Џеј Габриел е блиску до усна согласност со Реал Мадрид, но офи…