Дома Трансфер зона Дојде во Сити, го освои Мундијалот, а сега Барселона е следна дестинација?

Дојде во Сити, го освои Мундијалот, а сега Барселона е следна дестинација?

Хулијан Алварез (23) минатото лето дојде во Манчестер Сити од Ривер Плата за 20-тина минилиони евра, но веќе во наредниот преоден рок би можел да се пресели на позајмица во Барселона.

Покрај Eрлинг Халанд, младиот напаѓач не добил доволно простор и поради тоа сака клуб каде што ќе игра повеќе, пренсуваат „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, но и аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерла.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите и Манчестер Сити би можел да ја прифати опцијата Алварез да оди во клуб каде што повеќе ќе игра, неговиот договор со „грѓааните“ е со 2027 година. Се истакнуваат и добрите односи помеѓу двата европски гиганти.

Барселона се обидуваше да го доведе Алварез и додека беше во Ривер, но тогаш напаѓачот го избра Сити. На Каталонците им е потребна помлада поддршка на Роберт Левандовски, а ако не успеат да го доведат Алварез, опција е и Витор Рике од бразилескиот Атлетико Параненсе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Леверкузен

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пр…