Дома Фудбал Останато Достигнувањата на Пеле – Кралот на фудбалот

Достигнувањата на Пеле – Кралот на фудбалот

„Кралот” на фудбалот, легендарниот Пеле почина денес во Бразил на 82-годишна возраст.

Едсон Арантес до Насименто Пеле беше еден од најголемите фудбалери во историјата, па да се потсетиме  на неговите достигнувања.

Сите голови на Пеле


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Точниот број на голови кои Пеле ги постигнал во кариерата е предмет на спорење. Според официјалниот сајт на ФИФА Бразилецот има 1281 гол на 1363 меча, но во оваа бројка се вклучени голем број на голови од пријателски и неофицијални натпревари. Според Институтот за спортска статистика, Пеле има постигнато 767 официјални голови на 831 меча, а доколку се додадат неофицијалните голови бројката достигнува до 1282 гола.

Голови за Бразил

Кога станува збор за головите постигнати за бразилската репрезентација, тука нема ништо спорно. Тој има точно 77 гола на 92 меча. Првиот гол за Бразил го постигнал против Аргентина во 1957 година, а последниот е на пријателски меч со Австрија 1971 година. 12 од овие голови ги постигнал на светски првенства, а најмногу постигна на Мундијалот 1958 (6 гола).

Светски титули

Пеле учествувал на четири Светски првенства и има 3 титули во 1958, 1962, 1970 година. Најголем придонес Пеле има во освојување на првата титула во 1958 година во Шведска кога постигнува 6 гола. Во 1962 година нема голема улога во титулата поради повредите. Во 1970 година во Мексико Пеле се враќа во одлична форма и ја освојува и Златната топка.

Големите трофеи на Пеле

Светски титули – 3

Титули во Бразил – 6

Копа Либертадорес – 2

Интерконтинентален куп – 2

Интерконтинентален Супер Куп – 1

Титула во САД – 1

Пеле во кариерата играше само за два клуба, Сантос од 1956 до 1974, каде има статус на вистинска легенда и Њујорк Космос од 1975 до 1977 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…