Борисија Дортмунд се соочува со финансиски проблеми и ќе продаде најмалку една своја ѕвезда во летниот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.
Медиумите тврдат дека прв на листата за продажба е Џејдон Санчо, а причина е слабата форма на тимот и на економските последици од пандемијата на Ковид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради празните трибините, во касата на Борусија не се слеаја планирани 75 милиони евра, па „милионерите“ ќе мора да ја продадат својата ѕвезда.
Според последните информации Дортмунд ја намалил цената на Санчо и е спремен да го пушти за 90-100 милиони евра.
„Доколку дојде примамлива понуда за Џејдон, ние ќе преговараме. Но, не сум премногу голем оптимист, мислам дека преодниот рок ќе се одвива во ограничени финансиски можности бидејќи пандемијата влијаеше и на големите и на малите екипите“, изјави директорот Ханс Јоаким Вацке.