Дома Трансфер зона Дортмунд постави цена за Халанд, но се надева дека никој нема да ја плати

Дортмунд постави цена за Халанд, но се надева дека никој нема да ја плати

Раководството на Борусија Дортмунд постави цела од 200 милиони евра за најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд, тврди „АС“.

Германскиот клуб тврди дека Халанд не е на продажба, но сепак поставија цена за која веруваат дека заинтересираните клубови нема да ја платат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проблем за „милионерите“ е што следната година Халанд може да го напушти клубот за 75 милиони евра, бидејќи во неговиот договор ќе се активира откупна клаузула.

Реал Мадрид, Барселона, Челзи, Јунајтед и Манчестер Сити се заинтересирани за голгетерот, но сигурно не се спремни да ја платат бараната сума.

Овие клубови веќе имаа средби со неговиот агент и таткото на Халанд, па многу поверојатно е трансферот да се случи следното лето кога Норвежанецот ќе биде достапен за 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…