Дома Трансфер зона Дортмунд не попушта: Сака повеќе пари и еден играч!

Дортмунд не попушта: Сака повеќе пари и еден играч!

Борусија Дортмунд и Арсенал се во интензивни преговори за трансфер на Пјер Емерик Обамејанг, но германскиот клуб денес ја одби и последната понуда на „топџиите“.

Лондонскиот клуб за потписот на Обамејанг понуди 50 милиони евра, но „милионерите“ не сакаат да го пуштат напаѓачот за помалку од 60 милиони евра, пренесува „Кикер“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Исто така раководството на Дортмунд сака да ги искористи преговорите за да го донесе од Арсенал Оливие Жиру на позајмица до крајот на сезоната.

Обамејанг има договор со „милионерите“ до 2021 година, а последните неколку натпревари ги пропушти поради недисциплина и тоа што јавно призна дека сака да го напушти клубот.

Во меѓувреме медиумите на Островот пренесуваат дека Габонецот постигнал договор со Арсенал за четиригодишна соработка каде ќе заработува 170.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…