Дома Трансфер зона Дортмунд го откупува Алкасер, Барса не може да стори ништо

Дортмунд го откупува Алкасер, Барса не може да стори ништо

Пако Алкасер викендов постигна хет-трик за Борусија Дортмунд и веќе има шест постигнати гола за само 81 минута поминати на теренот во Бундеслигата.

Никогаш до сега во германското првенство немало голгетер со толку ефикасна статистика. 25-годишниот Шпанец постигнува гол на секои 13.5 минути, па статистичарите се шегуваат дека доколку го задржи темпото ќе ја заврши сезоната со 186 гола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алкасер ова лето пристигна на позајмица од Барселона, но „милионерите“ на крајот на сезоната имаат можност да го откупат за 25 милиони евра.

„Привилегирани сме ви секој момент да можеме да ја активираме откупната клаузула. Ние имаме предност пред останатите клубови“, изјави директорот на Борусија, Михаел Цорк.

„Билд“ пренесува дека „милионерите“ сигурно ќе ја активираат клаузулата, па дури и Барса ако сака да го врати, нема да може да стори ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…