Фудбалерот на Шкендија, Љупчо Дориев беше еден од оние фудбалери кои дополнително добија повик од селекторот Игор Ангеловски.
За Дориев ова не е дебитантски повик, тој дебитираше со Лихтенштајн во 2017 година, а имаше и уште неколку повици. Сепак подолго време беше надвор од репрезентацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По повикот после подолго време Спортски.мк го контактираше Дориев кој истакна дека е среќен и секогаш спремен да одговори на повикот за националниот дрес.
„Среќен сум што повторно ќе бидам дел од националниот тим. Без разлика кога и да е ја сум спремен да одговорам на секој повик во националниот дрес“, ни изјави Дориев.