Дома Кошарка Дончиќ ја прекина серијата на Нетси, одлична ноќ и за Јокиќ

Дончиќ ја прекина серијата на Нетси, одлична ноќ и за Јокиќ

Серијата на Бруклин од осум победи во низа и дојде крајот, а “виновен“ е одличниот Лука Дончиќ.

Далас стига до победата со резултат 98:115, а Дончиќ повторно беше на своето ниво со 27 поени, шест скокови и седум асистенции.

Кај поразените се издвои Харден со 29 поени, но тоа на крајот не беше доволно за неговиот тим.

Никола Јокиќ повторно беше брилијантен. Стигна до нов трипл-дабл. Српскиот кошаркар постигна 19 поени, 13 асистенции и запиша 11 скокови во победата на Денвер над Оклахома со 96:126.

На победите им се врати и Јута Џез совладувајќи го Орландо на гостувањето со 109:124. Никола Вучевиќ постигна 34 поени, а гостите до триумфот ги предводеше Мичел со 31 поен.

Резултати:

Бруклин – Далас 98:115
Оклахома – Денвер 96:126
Орландо – Јута 109:124
Њујорк – Индијана 110:107
Сан Антонио – Њу Орлеанс 117:114
Вашингтон – Минесота 128:112
Филаделфија – Кливлент 109:112 (p)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…