Дома Кошарка Дончиќ стигна до дабл-дабл со 43 поени, но Далас беше поразен

Дончиќ стигна до дабл-дабл со 43 поени, но Далас беше поразен

Лос Анџелес Клиперс на домашен терен славеше против Далас Маверикс со 113:101, а и овој натпревар го одбележа одличниот Лука Дончиќ.

Дончиќ натпреварот го заврши со 43 поени, 11 скокови и седум асистенции. Клиперси беше тимот кој постојано ја имаше предноста и во еден момент таа изнесуваше +22.

Далас во последната четвртина намали на минус осум, но Дончиќ немаше доволна поддршка од соиграчите.

Со овој триумф, Клиперси ја прекинаа низата од шест порази, додека за Далас ова беше трет пораз во последните четири натпревари.

Во победничкиот состав најефикасен беше Ленард со 33 поени, девет скокови и четири асистенции.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Детроит 147-116

Мајами – Оклахома 112-111

Торонто – Шарлот 132-120

Јута – Кливленд 116-114

Голден Стејт – Феникс 113-125

Портланд – Орландо 106-109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Две слободни за историја: МЗТ одбележува три децении од победата над Реал

На 6 ноември 1996 година МЗТ го совлада Реал Мадрид со 69-68. Триесет години подоцна, реша…