Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ со дабл-дабл го остави Далас во живот 🎥

Дончиќ со дабл-дабл го остави Далас во живот 🎥

Сепак, нема да видиме „метла“ во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА лигата.

Далас Маверикс синоќа го совлада Голден Стејт Вориорс со 119-109 во четвртиот натпревар од финалната серија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маверикс одиграа одличен натпревар во кој имаа и предност од 27 поени. Во последниот период Вориорси се обидоа да се разбудат, четвртата четвртина ја добија со дури 20:39, но тоа беше доволно само да го ублажат поразот за конечни 119:109. Со овој триумф Далас остана во живот и ќе гледаме петти дуел во Западното финале.

Лука Дончиќ и вчера беше „првата виолина“ на Далас натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект од 30 поени, 14 скока и девет асистенции со што заслужено го понесе епитетот за играч на натпреварот. Дончиќ имаше помош и во Фини-Смит, кој мечот го заврши со 23 поени, шест скока и две асистенции.

Во редовите на Вориорси, Кари беше расположен со 20 поени, пет скока и осум асистенции, а го следеше Куминга со 17 поени, осум скока и една асистенција.

Ќе потсетиме, финалето на Истокот засега е понеизвесно затоа што Мајами и Бостон после четири одиграни натпревари се изедначени со 2:2 во серијата. Да потсетиме, во финалето на Источната конференција има многу возбудувања, а по четири одигран

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…