Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ и Јокиќ на асистенција од трипл-дабл, Далас обеабеди плеј-оф 🎥

Дончиќ и Јокиќ на асистенција од трипл-дабл, Далас обеабеди плеј-оф 🎥

Тимот на Далас го победи Кливленд со 120:112 и обезбеди едно од првите шест места во плеј-офот.

Предводник на Мавси и во овој натпревар беше Лука Дончиќ на кого му недостасуваше само една асистенција и натпреварот го заврши со 35 поени, 13 асистенции и девет скока. Одлична поддршка Словенецот имаше и од Доријан Фини Смит кој постигна 28 поени. Во редовите на Кливленд Карис Лаверт уфрли 32 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер беше подобар од Индијана со 125:118, а исто како и на Дончиќ и на Јокиќ му недостасуваше само една асистенција за да дојде до трипл-дабл. Србинот натпреварот го заврши со 37 поени, 13 скока и девет асистенции. Кај Индијана дури седум играчи постигнаа по двоцифрен број на поени, а Бадил Хил со 20 беше најефикасниот.

Мајами го победи Бостон со 106:98 и така остана во игра за првото место пред плеј-офот на Источната конференција. Најдобар беше Џими Батлер со 24 поени, додека Кајл Лори постигна 23 поени и подели осум асистенции. На Истокот Мајами е прв со 49 победи и 28 порази, потоа следи Милвоки со 47/28, па Филаделфија 46/29, Бостон 47/30…

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Далас 112-120, Индијана – Денвер 118-125, Вашингтон – Орландо 127-110, Бостон – Мајами 98-106, Њујорк – Шарлот 114-125, Торонто – Минесота 125-102, Хјустон – Сакраменто 118-121, Оклахома – Атланта 118-136, Сан Антонио – Мемфис 111-112, Голден Стејт – Феникс 103-107, Портланд – Њу Орлеанс 107-117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…