Политичката активистка Миријам Аделсон од Израел и нејзиното семејство купија дури 73 отсто од акциите на НБА-клубот Далас маверикс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новата сопственичка ќе има доминантен дел од акциите, додека останатите 27 отсто ќе ги задржи досегашниот газда, Марк Кјубан.
Аделсон за 73 отсто од акциите плати неверојатни 3,9 милијарди долари и стана една од ретките жени кои е доминантен сопственик на спортски тим во САД.
Петтата најбогата жена во светот има богатство во вредност од 32,3 милијарди долари, а тоа ја рангира на 44. место на најбогати луѓе во светот.