Лука Дончиќ освен што игра неверојатна кошарка уште еднаш го покажа и своето големо срце.
Дончиќ со 31 поен го предводеше Далас до победа против Бруклин, а на трибините повторно преовладуваше воодушевување поради Словенецот кој игра во МВП форма.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лука кој се повеќе го обожаваат во Далас, но и ширум светот не можеше вчера да не го забележи транспарентот на едно момче.
„Докторот ми кажа дека гледањето на Лука Дончиќ ми помага при епилепсијата. Веќе девет месеци не сум имал напад“, пишуваше на транспарентот.
Со овој потег младото момче брзо се најде во светските медиуми. Освен тоа Лука во текот на згревањето побара момчето да дојде до паркетот и си доби подарок од Словенецот.