Дома Фудбал Донесена одлука: Реал Мадрид ќе ги прекрши принципите поради Рамос

Донесена одлука: Реал Мадрид ќе ги прекрши принципите поради Рамос

Иднината на Серхио Рамос во последно време е главна тема во спортските медиуми.

Капитенот на Реал Мадрид влезе во последната година од договорот и се уште не може да се договори со „кралевите“ за продолжување на соработката.

Шпанските медиуми тврдат дека после подолго време преговори, Реал донел одлука да ги задоволи барањата на својот капитен. Претседателот Перез е спремен да ги прекрши принципите и ќе му понуди двегодишен договор, наместо договор на една година.

Во Реал имаат принцип на фудбалерите постари од 30 години да им ги продолжуваат договорите само на една година, но поради Рамос се спремни да направат отстапка.

34-годишниот дефанзивец е исклучително важен за тимот како на теренот, така и во соблекувалната, а веќе има понуди од неколку европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…