Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.
Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.
Имено, Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година. Голманот годишно ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.
Милан успеа да го убеди неговиот агент Раиола во договорот на Донарума да нема откупна клаузула.