Дома Фудбал Италија Донарума: Се надевам дека ќе останам во Милан

Донарума: Се надевам дека ќе останам во Милан

Младиот и перспективен одличен чувар на мрежата од Милан изјави дека се надева оти ќе остане на Сан Сиро.

18-годишниот голман го прослави својот 18-ти роденден во февруари и сега може да потпише и професионален договор со гигантот од Милано. Милан се обидува да го обезбеди неговиот потпис, а ситуацијата внимателно ја следат и останатите европски гиганти.

Агентот на Донамура, Мино Рајола, бара подобрување на договорот за својот клиент, но процесот на продажба на клубот значително ги успорува и двете страни. Голем број фудбалски клупски великани следат што се случува, бидејќи посакуваат да добијат шанса да го доведат Донамура на својот гол. Сепак, неговата желба е да остане во Милан.

„Се надевам дека ќе останам, ова е Милан. Мојот агент ќе се погрижи за продолжување на договорот“, порача Донамура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатна приказна: Како Манчестер јунајтед одбил да го доведе Мбапе

Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, сподели неверо…