Дома Трансфер зона Донарума има две понуди: Се двоуми помеѓу Франција и Англија!?

Донарума има две понуди: Се двоуми помеѓу Франција и Англија!?

Младиот италијански голман, Џанлуиџи Донарума повторно се наоѓа во центарот на вниманието, бидејќи се повеќе се зборува за неговото заминување од Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума во финишот од сезоната е во очајна форма, а со своите грешки по кој знае кој пат предизвика бес кај навивачите на Милан. Минатото лето овој млад голман беше на удар на навивачите на Милан откако што не сакаше да потпише нов договор, но се се смири кога одлучи да остане на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, италијанските медиуми се сигурни во тоа дека Донарума го направи само за да ги смири страстите, бидејќи најверојатно на крајот од оваа сезона ќе ги напушти Росонерите. Милан денеска потврди дека Пепе Реина ќе потпише за овој клуб, што само ги потврди шпекулациите околу ситуацијата на Донарума.

Како што пишува „Football Italia“ овој голман има неколку интересни понуди, а наводно се двоуми помеѓу ПСЖ и Ливерпул. Во Милан изгледа дека се спремни овој пат да го пуштат Донарума, но јасно е дека заинтересираните клубови за него ќе мораат да платат најмалку 65 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…