Легендарниот репрезентативец и поранешен селектор на Италија, Роберто Донадони не се согласува околу експериментот Донадони да ги чува Киелини и Бонучи за плеј-оф финалето.
Донадони смета дека Манчини мора да излезе против Македонија со најсилниот состав кој Италија го има на располагање, без никакви калкулации. Kиелини во последниот месец одигра само 45 минути додека Бонучи нема ниту еден настап, а Манчини веќе изјави дека најверојатно нема да настапат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Против Македонија мораме да излеземе со најдобриот состав кој го имаме на располагање, не е време да правиме експерименти затоа што една грешка може скапо да не чини. На терен треба да излезат најдобрите со максимална мотивација. Преголем е влогот за било што да ризикуваме“, изјави Донадони.
Најавите во претходните денови се дека на местото на Килини и Бонучи во одбраната ќе игра Бастони и еден од Џанлука Манчини и Франческо Ачерби. Со оглед на ситуацијата Италијанците изгледа ќе имаат целосно нова одбранбена четворка затоа што проблеми има и кај бековите Спинацола кој е подолго време повреден ќе биде заменет со Емерсон Палмери, а Флоренци би требало да го замени Ди Лоренцо.