Дома Останати Тенис ДОМИНАЦИЈА: Ѓоковиќ во три сета до финале на УС Опен

ДОМИНАЦИЈА: Ѓоковиќ во три сета до финале на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада младиот и перспективен американски тенисер Бен Шелтон во полуфиналето на турнитот УС Опен и со тоа се пласира во финалето.

Ѓоковиќ го порази 20-годишниот Шелтон со 3:0 во сетови, по израмнета и напорна игра, особено во третиот сет, во кој на моменти се чинеше дека Шелтон ќе собере сили да ја намали разликата и да се обиде да направи пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во напнатата игра Шелтон успеа да израмни и да издејствува тај-брејк, но во продолжението искусниот Ѓоковиќ не дозволи изненадувања и го доби мечот со 3:0 (6:3; 6:2 и 7:6). Мечот заврши кратко по полноќ според наше време, по нешто повеќе од два ипол часа игра.

Шелтон се смета за најголемо пријатно изненадување на овој УС Опен, и приужи одлична игра против српскиот ас, кој важеше за голем фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…