НИКОЛА ЈОКИЌ доминираше под кошевите на натпреварот во кој неговиот Денвер Нагетс ги победи Голден Стејт со 119:103.
Српскиот центар забележа трипл-дабл учинок на сите три средби по Ол-стар натпреварот, достигнувајќи го својот 18-ти таков учинок во сезоната и 122-ри во редовните натпревари. Овој трипл-дабл имаше посебно значење.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јокиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 16 скока и 16 асистенции во седмата последователна победа на Нагетс против Голден Стејт и 10-та во последните 11 натпревари.
Тоа беше негов трет трипл-дабл во кариерата со учинок од 30+ поени и 15+ скокови и асистенции и со тоа го надмина легендарниот Вилт Чембрлен.
Само Оскар Робертсон постигнал повеќе вакви ефекти од Јокиќ низ историјата на НБА.