Maкедонската ракометна репрезентација направи голем чекор кон пласманот на Европското првенство во 2024 година откако денес избраниците на Кире Лазаров со 36:27 ја победија Турција во Ван.
Македонските ракометари од самиот старт играа одлично, а Турција цели 13 минути беше без постигнат гол. Натпреварот го отворивме со неверојатни 0:9. Тука практично и го решивме натпреварот, во продолжение само ја одржувавме сеткната предност и не дозволувавме Турција сериозно да ни се доближи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се што направија Турците е доближувањето на -6 на неколку пати во вториот дел, сепак беше јасно дека Македонија го има натпреварот под контрола.
Најефикасен во нашите редови беше Филип Талески со седум гола, Манасков постигна пет, а Томислав Јагуриновски четири.
Македонија и Португалија имаат по четири бода во групата 1, наспроти Турција и Луксембург кои останаа на нула. Имајќи предвид дека пласман на ЕП обезбедуваат првите две места, а и четирите најдобри трети ние сме на чекор од уште едно големо натпреварување.
Фото: РФМ