Дома Фудбал Останато Доминацијата на Јувентус во Серија А ќе ја прекинува – државата Катар?!

Доминацијата на Јувентус во Серија А ќе ја прекинува – државата Катар?!

Meдиумите најавуваат влегување на Катарците во Серија А.

„Старата дама“ долги години доминира во Италија веќе долги години, Наполи е условно кажано најблиску, но разликата од 18 бодови доволно зборува каква е ситуацијата во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извесно е дека оваа сезона ќе ја освојат осмата титула во низа во Серија А, а како што стојат работите тешко дека во наредните некој клуб ќе може да им парира.

Не е дека клубовите не се обидуваат, но Јувентус изгради навистина далеку поквалитетен тим од сите останати и многумина ќе кажат дека во цела лига постојат максимум 2-3 играчи кои не се во Јувентус, а можат да бидат дел од првиот тим на „старата дама“.

Наполи го доведе Анчелоти минатата сезона и најавуваше големи работи, Интер се обидува да се врати, но не успева, Милан изгледаше дека е на вистинскиот пат од почетокот на оваа календарска година, но во последно време работите кај „росонерите“ се вратија на „старо“.

Сега италијанските медиуми најавуваат дека работите може да се променат со вложувањето на државата Катар во италијанската елит.
Два клуба се мета, во прашање се Рома и Милан.

Кога во прашање е „волчицата“, преку „Катер Ервејс“ имаат удел во клубот, но Џејмс Палота е на чело и доколку тој не одлучи да замине тешко дека ќе го превземат клубот од „Олимпико“.

Со Милан ситуацијата е поинаква, Елиот фондот има план во иднина да го продаде клубот, па понуда Катар би можела да пристигне на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…