Дома Фудбал Англија Долгогодишниот фудбалер на Ливерпул заминува по крајот на сезоната

Долгогодишниот фудбалер на Ливерпул заминува по крајот на сезоната

Англиските медиуми пренесуваат дека на крајот од сезоната Ливерпул би можел да го напушти Адам Лалана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лалана на Енфилд е од 2014. година, но поради повреда оваа сезона е во втор план и се поизвесно е дека по крајот на сезоната ќе ја бара среќата на друго место.

„Лалана сака да игра, а на тоа не може да смета во амбициозниот Ливерпул.“ – пренесуваат англиските медиуми и откриваат дека 31-годишниот играч нема да има проблем да пронајде нова средина бидејќи веќе неколку клубови се интересираат за неговите услуги.

Најсериозен во редот е Лестер кој наводно веќе воспоставиле контакти со неговите застапници, а покрај Лисиците, Лалана го посакуваат и Вест Хем, Тотенхем и Арсенал.

Да потсетиме, Ливерпул го донесе Лалана од Саутемптон за 31 милион евра. Од 2014. година до денеска одигра вкупно 175 натпревари во дресот на Црвените и запиша 22 погодоци и исто толку асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Резултати од синоќешните натпревари: Мбапе и Халанд ја продолжуваат доминацијата, Алжир со триумф во арапското дерби

Во текот на ноќта беа одиграни три натпревари од второто коло на групната фаза. Два од гру…