Дома Трансфер зона Долга беше ноќта за Конте и Челзи – На крајот успеаа да доведат двајца!

Долга беше ноќта за Конте и Челзи – На крајот успеаа да доведат двајца!

Екипата на Челзи успеа да обезбеди две засилувања во самата завршница од преодниот рок.

Антонио Конте и Челзи ова лето беа одбивани многу пати, а така беше и во последниот ден од преодниот рок кога Рос Баркли и Фернандо Љоренте одбија да се преселат на „Емирати“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак во последен момент „сините“ успеаа да доведат две засилувањам едно во дефанзивната линија и едно во средниот ред, но тешко е да се каже колку навивачите ќе бидат задоволни.

Како засилување во одбраната пристигна дефанзивецот на Торино Давиде Запакоста за кого Челзи плати 28 милиони евра, а италијанскиот клуб би можел и дополнително да заработи доколку фудбалерот исполни одредени услови.

Вториот фудбалер е сега веќе поранешниот фудбалер од средината на Лестер, Дени Дринквотер кој чекаше „лисиците“ да му дадат зелено светло за да ги изврши медицинските прегледи.

Дринквотер потпиша договор на пет години, а Челзи за неговите услуги наводно платил 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…