Дома Видео Додека сите во соблекувалната славеа, Салах имаше само едно прашање за Милнер

Додека сите во соблекувалната славеа, Салах имаше само едно прашање за Милнер

Ливерпул синоќа во драматичен натпревар ја совлада Барселона со 4:0 и обезбеди пласман во финалето на ЛШ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвените беа без два важни играчи, Роберто Фирмино и Мохамед Салах и сите мислеа дека пред тимот на Клоп е невзможна мисија, но на крајот тимот од Енфилд направи чудо и заслужено се пласира во финалето.

Кога Ориги во 7. минута постигна гол за 1:0 и натаму мал број на навивачи веруваа дека Ливерпул може да стигне до финале.

Сепак, со два брзи гола на Вајналдум и реакцијата на Александер Арнолд после која Ориги постигна погодок за 4:0, Ливерпул успеа да оствари голема победа.

После натпреварот следуваше големо славје во соблекувалната на Ливерпул, а Мохамед Салах после се имаше само едно прашање за Џејмс Милнер: „Дали планираше да заминеш на одмор?“

Изгледа дека Салах и Милнер мора да се задоволат со пократок одмор со оглед дека ги чека финале во Мадрид на 1. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…