Дома Фудбал Репрезентации „Додека Меси не се изјасни, никој не смее да ја земе десетката“

„Додека Меси не се изјасни, никој не смее да ја земе десетката“

Најдобриот аргентински фудбалер Лео Меси привремено ја замрзна репрезентативната кариера после Мундијалот, каде Гаучосите потполно разочараа.

Аргентина овие денови игра пријателски натпревари, а Меси го нема меѓу играчите кои се одзваа на повикот на новиот селектор Скалони.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите забележаа интересен детал што се однесува за дресот со број десет, кој веќе со години му припаѓа на Меси. Имено, никој од фудбалерите не го зема тој број иако Меси не е меѓу нив.

„Сите играчи ги задржаа своите броеви од СП. Десетката и натаму му припаѓа на Меси и никој не смее да ја земе додека не се изјасни и одлучи дали останува или не.“ – изјави селекторот.

Лионел Меси веќе еднаш се опростуваше од репрезентацијата после неуспехот на Копа Америка, но потоа се врати. Што ќе се случи овој пат останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…