Дома Фудбал Англија Додека Мане играше против Баерн, крадци „оперираа“ во неговиот дом

Додека Мане играше против Баерн, крадци „оперираа“ во неговиот дом

Куќата на напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане била ограбена во моментите додека Сенегалецот играше против Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

Англиските медиуми пренесуваат дека крадците кои влегле на имотот украле луксузни часовници, мобилни телефони и клучовите од автомобилот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Откако го ограбиле домот на Мане, дел од бандата се насочила кон куќата на Дејан Ловрен, која се наоѓа во непосредна близина. Меѓутоа, соседката на Хрватот случнала бука и повикала полиција, па крадците веднаш избегале.

Ова е втор пат да му се случи на Мане ваква кражба, откако во ноември 2017 година Сенегалецот беше жртва на крадци исто така додека игаше натпревар од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…