По квалитетното издание на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и ремито без голови со Шкупи, фудбалерите на Брегалница во недела ги очекува гостувањето против Скопје на „Железарница“ во втората рунда натпревари од шампионатот.
Јасно е дека секој натпревар носи своја приказна, поради што избраниците на Марјан Секуловски веќе го забораваат дуелот со Шкупи максимално концентрирајќи се на тоа што ги очекува во Скопје.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Офанзивецот Дарко Додев вели дека единствено со тимска игра може
„Зад нас го оставаме натпреварот со Шкупи и сега целосно се фокусираме на дуелот со Скопје, тим кој во првото коло против Ренова покажа дека е квалитетна екипа која секогаш игра на резултат. Знам дека во Автокоманда тешко се освојуваат бодови, но ако го повториме пристапот и тимската игра од натпреварот со Шкупи сигурно можеме до позитивен резултат“ – вели Додев и дополнува:
„Свесни сме дека во недела ќе биде поразличен натпревар од оној против Шкупи. Не смееме да бидеме ниту најмалку опуштени и мора да го дадеме максимумот уште еднаш за да покажеме дека играта од првиот натпревар оваа сезона ќе биде наше препознатливо лице постојано“.
Натпреварот меѓу Скопје и Брегалница од 2. коло во ПМФЛ се игра на СРЦ „Железарница“ во недела (15. август) со почеток од 17 часот.
Фото: ФК Брегалница