Дома Трансфер зона ДОГОВОРОТ постигнат: Бразилецот пристигнува на прегледи!

ДОГОВОРОТ постигнат: Бразилецот пристигнува на прегледи!

Реномираниот „Скај Спорт“ пренесува дека состанокот кој се одржа попладнево помеѓу Бепе Марота и управата на Баерн Минхен, вродил со плод.

Имено, управата на Јувентус уште од почетокот на преодниот рок се обидува да го доведе Коста во Торино, но дури во последните неколку дена забележаа напредок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден Баерн потврди дека договорот помеѓу клубовите е на повидок, а нешто подоцна се појави информација дека Џузепе Марота отпатувал на состанок во Германија, каде што денес го договори одличното засилување.

„Скај Спорт“ пренесува дека двата клуба се договориле за позајмица со оштета од шест милиони евра, со тоа што по истекот на истата клубот од Торино ќе биде приморан да го откупи Коста за 40 милиони евра.

Коста наводно веќе се согласил, па се очекува во текот на утрешниот ден да пристигне на медицински прегледи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…