Дома Трансфер зона Договорот на повидок: Мурињо добива Бразилец за 60 милиони евра!

Договорот на повидок: Мурињо добива Бразилец за 60 милиони евра!

fred

Според информациите од Островот фудбалерот во овие моменти се водат завршни преговори!

Манчестер Јунајтед води финални преговори со фудбалерот на Шахтјор Фред , откако претходно „ѓаволите“ постигнале договор со украинскиот клуб, дознава „Manchester Evening News“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Локалниот медиум важи за добро известен кога во прашање се случувањата во манчестерските клубови, а овој пат се тврди дека управата на Јунајтед се сретнала со 25 годишниот фудбалер во Лондон каде што фудбалерот се наоѓа со репрезентацијата на Бразил за пријателскиот натпревар против Хрватска.

Договорот со играчот не постигнат во целост, но се очекува наскоро сите препреки да бидат решение и трансферот во вредност од 60 милиони колку што изнесува клазулата на Фред да биде реализиран.

Целиот трансфер се очекува да биде завршен пред почетокот на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…