Џанлуиџи Буфон (42) се наоѓа во групата фудбалери на кои договорите им истекуваат на крајот од јуни.
Како што пренесува реномираниот „Скај Спорт“ Буфон со професионален фудбал ќе се занимава уште една година затоа што Јувентус спрема нов договор за него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Легендарниот италијански голман наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со „статата дама“ и неговиот потпис е само формалност.
Буфон во професионалниот фудбал дебитираше во 1995 година кога се уште го немаше прославено 18. роденден.
Со оглед дека Јувентус не испадна од Лигата на шампионите во август го чека реваншот од осминафиналето против Лион Буфон ќе има уште најмалку две шанси да го освои трофејот кој му недостасува. Поразен во финалињата беше во 2003, 2015 и 2017 година.