Дома Фудбал Англија Договорен најважниот потпис во Арсенал!

Договорен најважниот потпис во Арсенал!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го продолжи договорот со Арсенал на уште три години.

Шпанецот влезе во последната сезона од договорот со „топчиите“ и сите страни сакаа што поскоро да ја елиминираат секоја потенцијална непријатност со нова соработка. Сето тоа се случило во пресрет на дербито во северен Лондон кога Арсенал му гостува на Тотенхем, тврдат медиумите на Островот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Артета создаде револуција во Арсенал откако го наследи Унаи Емери во 2019 година. Оттогаш, Арсенал го освои ФА Купот во 2020 година, се врати во Лигата на шампионите по отсуство од седум сезони и е сериозен кандидат за титулата.

Арсенал ја започна тековната сезона со две победи и едно реми, а тимот го мачат проблеми со повреди бидејќи новајлијата како Микел Мерино и Рикардо Калафиори се надвор од протоколот. Исто така, пред неколку дена се повреди капитенот Мартин Одегард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…