Во септември следната година ќе се одржи боксерски меч помеѓу Еди Хал и Хафтхор Бјорнсон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бјорнсон кој е познат како „Планината“ од серијата „Игра на Тронови“ неодамна постави светски рекорд во дигање тегови, подигнувајќи 501 килограм.
Тој го сруши рекордот на Хал кој пред него го држеше рекордот со 500 килограми.
Бјорнсон е висок 206 сантиметри и има околу 200 килограми, додека Хал со прекарот „звер“ е понизок за 15 сантиметри и полесен за 15 килограми.
„Најтешкиот боксерски меч во историјата“ ќе се одржи во септември во 2021 година. Ќе биде тоа вистинско шоу за публиката и се надевам на квалитетен бокс. Борбата ќе се одржи во Лас Вегас.