Дома Видео Доволен беше еден потег: Засилувањето на Реал Мадрид уште на првиот тренинг ги воодушеви навивачите 🎥

Доволен беше еден потег: Засилувањето на Реал Мадрид уште на првиот тренинг ги воодушеви навивачите 🎥

Tурскиот фдбалер, Арда Ѓулер неодамна пристигна во Реал Мадрид од Фенербахче. Талентираниот фудбалер беше мета на повеќе клубови, а на крајот избра кариерата да ја продолжи во Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид на Фенербахче му исплати сума од околу 25 милиони евра. На Ѓулер му се предвидува голема кариера и ако ги исполни очекувањата сигурно ќе биде големо засилување за иднината на „кралевите“.

Дека е полн со самодоверба покажа и неговиот потег на првиот тренинг.

„Чекај, чекај, имаше 18 години, доаѓаш на првиот тренинг во Реал и го правиш ова?!“, гласеше еден од коментарите под видеото на неговото мајсторско проигрување.

Својата зрелост Ѓулер ја покажа и со тоа што одлучи да го одложи својот летен одмор за да се приклучи на припремите кај Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Тажна вест: Македонскиот спорт остана без легендарниот Срцка

Македонската спортска сцена денеска остана без една од своите најпознати и најпрепознатлив…