Дома Фудбал Добри вести од Хрватска со повредата на Адеми

Добри вести од Хрватска со повредата на Адеми

Изјавата на тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар беше застрашувачка и за македонската јавност, тој после вчерашниот натпревар порача стапалото на Адеми не изгледа добро и се стравуваше дека станува збор за скршеница.

Адеми заработи повреда во вчерашниот натпревар против Локомотив, и има оток на стапалото, рендгентските снимки ќе покажат за каква повреда станува збор.

Сепак, Македонија изгледа не треба да стравува дека Адеми може да го пропушти ЕП ова лето затоа што од Динамо најавија дека македонскиот репрезентативец може да биде спремен веќе во четврток.

„Аријан доби незгоден удар во натпреварот со Локомотива, има оток на зглобот, а лекарскиот тим прави напори што побрзо да ја санира повредата. Имаме една трка со времето, ние веруваме дека ќе биде спремен за настап во четврток“, изјавиле од Динамо за хрватскиот портал „24сата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…