Дома Фудбал Англија Добри вести за Тотенхем пред финалето во ЛШ

Добри вести за Тотенхем пред финалето во ЛШ

Англиските медиуми пренесуваат дека Хари Кејн одлично се рехабилитира од повредата и големи се шансите да настапи во финалето од Лигата на шампиони против Ливерпул.

Англискиот репрезентативец го повреди глуждот во четвртфиналниот натпревар од ЛШ против Манчестер Сити, и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар.

Меѓутоа, Хари Кејн веќе започна со тренинзи и најверојатно ќе биде спремен за финалето од Лигата на шампиони.

Тоа е одлична вест за тренерот Покетино со оглед на фактот што Кејн е прв стрелец на тимот. Тој оваа сезона настапи на 39 натпревари за Тотенхем, постигна 24 гола и запиша шест асистенции.

Финалето во најелитното натпреварување ќе се игра на 1 јуни во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ирска подготвена за реваншот со Израел благодарение на ротациите на Халгримсон

Хајмир Халгримсон верува дека ротациите во тимот ќе ја одржат свежината на Ирска за натпре…