Дома Фудбал Добри вести за Тен Хаг: Рашфорд спремен за дербито на Манчестер

Добри вести за Тен Хаг: Рашфорд спремен за дербито на Манчестер

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е на добар пат да ја добие битката со времето и да биде спремен за дербито на Манчестер овој викенд.

Рашфорд се здоби со повреда за време на дербито со Арсенал на почетокот на септември.

Повредата го исклучи Рашфорд од следните натпревари на Јунајтед, како и натпреварите од Лигата на нации за репрезентацијата на Англија.

Меѓутоа, напаѓачот се врати на тренинзите и ќе биде спремен за градското дерби со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…