Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ важи за еден од најважните играчи на торински Јувентус.
Иако во мај ќе наполни 33 години, торинскиот тим на хрватскиот напаѓач одлучи да му го продолжи договорот на уште една година, односно до 2021 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актуелниот договор на Манџукиќ важи до 2020 година, а со продолжувањето на договорот ќе добие и поголема плата. Таа ќе изнесува 4.5 милиони евра со дополнителни бонуси, што е за пола милион повеќе од сегашната.
Договорот помеѓу двете страни е постигнат. Сепак ќе треба да се почека официјалната потврда од клубот. Медиумите во Италија тврдат дека таа ќе ја добиеме после натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Манџукиќ во Јувентус пристигна во 2015 година. Хрватот пристигна токму од редовите на Атлетико и се покажа како одлично засилување за „старата дама“.
Поради својот карактер и борбеност Манџукиќ е еден од омилените играчи на торинскиот гигант, а постигна и голем број важни голови.
Во претходните три ипол години хрватскиот фудбалер одигра вкупно 156 натпревари и постигна 43 погодоци од кои девет ги постигна оваа сезона.
Претходно Манџукиќ во кариерата настапуваше уште за Атлетико, Баерн, Волфсбург, Динамо, Марсониа и Загреб.
Ќе потсетиме неодамна после завршувањето на Светското првенство Манџукиќ стави крај на репрезентативната кариера.
Mario Mandzukic reportedly agrees a new deal with #Juventus, which will take him through to 2021 https://t.co/yLyAw8epqv pic.twitter.com/ZtopLYjxn4
— footballitalia (@footballitalia) March 8, 2019