Дома Фудбал Добри вести за Анчелоти пред финалето

Добри вести за Анчелоти пред финалето

Карло Анчелоти ќе може да смета на Давид Алаба за финалето во Лигата на шампиони против Ливерпул.

Австрискиот репрезентативец се повреди на натпреварот против Осасуна во шпанското првенство и одигра само едно полувреме на првата средба со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Алаба ги продолжи тренинзите минатата недела и е убеден дека целосно ќе се опорави за финалето кое на програмата е овој викенд.

„Јас се чуствувам добро. Имав доволно време да се опоравам. Работев многу напорно во изминатите неколку дена за да бидам 100 отсто подготвен за финалето“, изјави Давид Алаба .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…