Дома Фудбал Лига на шампиони Добил билет за финалето, но немал пари за превоз па си купил автомобил од 40 фунти

Добил билет за финалето, но немал пари за превоз па си купил автомобил од 40 фунти

Финалето во Лигата на шампионите е големо доживување и за неутралниот навивач, а уште поубаво е чуството ако вашиот тим е дел од натпреварот за најпосакуваниот трофеј во Европа.

Оваа сезона во Мадрид се сретнуваат Ливерпул и Тотенхем, а навивач на Ливерпул по име Сајмон Вилсон ќе има интересно патување до „Ванда Метрополитано“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Овој Англичанец имал доволно среќа да добие влезница за финалето на лотарија организирано од сопствениците на сезонските карти, меѓутоа проблем му било да стигне до престолнината на Шпанија.

Авионските влезници се прескапи и нивната цена е околу 800 фунти, па тој одлучил да го купи автомобилот кој е најевтин. Така изборот паднал Шкода Фаворит вредна 40 фунти.

„Имав среќа да добијам карта, но за тоа дознав доцна. Не очекував дека ќе ја добијам и не резервирав превоз. Кога погледнав не можев да верувам дека цената на летовите е 800 фунти. Тогаш го повикав својот брат и го прашав кој би бил најевтиниот автомобил кој можам да го купам и тоа беше тоа“, изјави Сајмон.

Тој би требало за околу 22 часа да го заврши своето интересно патување кое ќе го документира на својот Јутуб канал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…