Тренерот на Рома, Ди Франческо беше задоволен после синоќешната победа против Порто и порача дека неговиот тим нема да се брани во реваншот.
Да потсетиме, Волчицата во првиот натпревар од сомина финалето славеше на Олимпико со 2:1, а Ди Франческо порача дека му е жал што не остана 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Малку е штета поради резултатот, но им честитам на моите играчи поради заедништвото, креирањето многу шанси и добрата игра во дефанзива. Единствено ми е жал што не остана 2:0, но мило ми е што одигравме добар натпревар.“
Ди Франческо порачува дека неговиот тим нема да се брани во реваншот:
„Можам да кажам дека сега најголема грешка би било да ја браниме оваа предност во реваншот. Вечерва видовме дека и најмалата непредвидена ситуација може да промени многу. Сепак, единствените луѓе кои не грешат се оние кои не работат ништо. Нормално, ќе има грешки, но тоа е начин да напредувате.“
Реваншот помеѓу овие два клуба е на распоредот на 6. март.