Дома Трансфер зона Ди Марија се подалеку од Јувентус

Ди Марија се подалеку од Јувентус

Aнхел Ди Марија е се подалеку од Јувентус.

Изгледаше дека е се завршено и дека Ди Марија пристивнува во Торино, но работите се искомплицираа. „Скај Спорт“ пренесува дека двете страни се далеку и нема да пронајдат заеднички јазик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истовремено Ди Марија започна посериозно да се поврзува со Барселона. Меѓутоа трансферот во Барселона секако не е лесна задача затоа што Каталонците мораат да внимаваат со парите кои ги нудат на фудбалерите поради лошата финансиска ситуација.

Медиумите пренесуваат дека Барселона е спремна на Ди Марија да му даде понуда од најмнигу два милиони евра годишно. Јувентус сигурно може да му понуди повеќе.

Останува да се види што ќе избере Аргентинецот, можеби во игра ќе се вклучи и тѕрет клуб. Ди Марија во минатото настапуваше за Реал Мадрид од 2010 до 2014 година, но во една изјава неодамна порача дека тоа е минато и не му е проблем сега да заигра за Барселона. Во кариерата Аргентинецот настапувшае уште за Росарио, Бенфика и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …