Дома Трансфер зона Ди Марија откри: Одбил луди понуди, го послушал срцето да ја избере Бенфика

Ди Марија откри: Одбил луди понуди, го послушал срцето да ја избере Бенфика

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија откри дека имал богати понуди од Саудиска Арабија, но се одлучил да го послуша срцето и да го облече дресот на Бенфика.

Во Саудиска Арабија летово се преселија голем број фудбалери, но Анхел Ди Марија избра поинаков пат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Добив многу понуди и телефонски повици од Саудиска Арабија, нудат луди бројки, но јас го послушав моето срце и се вратив во Бенфика“, изјави Ди Марија.

Првиот човек на Бенфика, Руи Коста потврди дека платата на Ди Марија не ја надминува границата на плати.

„Ди Марија не ја надминува границата на платите во клубот, дојде без да потпише бонус кој би го добил надвор од платата. Со него скоро и да не преговаравме за условите, не побара ништо повеќе од тоа што му беше понудено“, изјави Руи Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…