Дома Фудбал Останато Ди Марија од дното на душата го мрази Јунајтед: Кога ќе го слушне името на клубот го менува каналот на ТВ

Ди Марија од дното на душата го мрази Јунајтед: Кога ќе го слушне името на клубот го менува каналот на ТВ

di maria

Aнхел Ди Марија сега настапува за ПСЖ, а во минатото беше член на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Бенфика.

После одличната сезона во Реал Мадрид и освојувањето на ЛШ во 2014 година тогаш во рекорден  трансфер за англискиот фудбал направи трансфер во Манчестер Јунајтед за 75 милиони фунту.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа неговата авантура на „Олд Трафорд“ беше прилично лоша.  На Островот помина само една сезона и имаше учинок од три постигнати гола и 10 асистенции.

Реномираниот „Телеграф“ го прогласи за најлошо засилување во сезоната 2014/2015 после што Аргентинецот го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за ПСЖ. Неговиот соиграч од ПСЖ, третиот голман Марсин Булка откри дека Ди Марија толку го мрази Манчестер Јунајтед што веднаш го менува каналот кога на ТВ ќе се појави нешто поврзано со „црвените ѓаволи“.

„Ди Марија го мрази Манчестер Јунајтед. Воопшто нема добри спомени од времето поминато таму. Кога на телевизија ќе се појави нешто поврзано за тој клуб веднаш го менува каналот“, изјави Булка

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…