Анхел ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ и на лето би можел да си замине како слободен агент.
Италијанските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и дека големи се шансите од следната сезона да се пресели во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските гиганти Милан и Јувентус веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат Аргентинецот на лето како слободен агент.
Сепак, последната одлука ќе ја има Покетино, кој треба да одлучи дали ќе го задржи Ди Марија, кој преферира да остане во Париз.
Ди Марија веќе има 32 години, но има понуди од многу клубови ширум Европа бидејќи игра на високо ниво.